Усвоена стратегијата за реформа на јавната администрација за 2018-2022

21 февруари, 2018 | 10:12 часот | 628 прикажувања |

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои стратегијата за реформа на јавната администрација за 2018-2022 година и го прифати акцискиот план за нејзино спроведување.

Од Владата коментираат дека ќе работат на создавање стручна, ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права. Додаваат дека реформата во јавната администрација во поширока смисла значи реформа во приоритетни области, креирање политики и координација, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност, јавни услуги и ИКТ-поддршка на администрацијата, како и во управувањето со јавните финансии.