Влахов Мицов ги обвини „Само вистина“ дека гостите им биле идиоти!

20 февруари, 2018 | 19:08 часот | 3.019 прикажувања |

Стефан Влахов Мицов, потпретседател на партијата „Единствена Македонија“ кој вечерва гостува во дебатната емисија „Само вистина“ на телевизија Канал 5 рече дека водителите на оваа емисија канат гости кои биле идиоти.

Мицов изнесе обвинување дека телевизијата ја променила уредувачката политика по смената на власт, а откако водителката му објасни дека тој како гостин бил трипати поканет во емисијата, но дека бил пребирлив кон гостите, тој рече: „Пребирлив сум бидејќи гостите ви се идиоти“. По ова, водителката му порача на Мицов да го задржи нивото во емисијата, бидејќи реагирале гледачите на кои им сметала оваа квалификација.

„Ќе го задржите и вие нивото со тоа кого каните. Така ќе го задржите нивото“, одговори Мицов.

Темата на вечерашната емисија е „Дали Македонија има алтернатива за ЕУ и НАТО?“, а покрај Влахов-Мицов, гостин во студиото на Канал 5 е колумнистот Александар Русјаков.