Димитров на средба со канадската амбасадорка: да се унапреди билатерната соработка меѓу двете земји

20 февруари, 2018 | 16:30 часот | 549 прикажувања |

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска оствари средба со амбасадорката на Канада во Република Македонија, Кетлин Чаба.

Посакувајќи и успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат во Република Македонија односите и соработката меѓу двете земји ќе бележат нагорен развоен тренд.

Како што информираат од МНР, на средбата се разговарало и бил потврден заемниот интерес за унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни области, со ставање значаен фокус на економската соработка во претстојниот период, како и натамошно продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Амбасадорката Чаба ја пренела канадската поддршка на реформската агенда на Владата на Република Македонија и ги поздравила надворешно-политичките активности кои земјава ги презеде во изминатиот период.