Кинез скокнал од 19 кат за да не ја плати хотелската сметка

20 ноември, 2017 | 11:48 часот | 248 прикажувања |

Кинез се обидел да побегне од хотел и да не ја плати сметката така што скокнал од прозорот на неговата хотелска соба на 19-ти кат со намера да ситгне до соседната зграда преку телефонските кабли. За негова среќа „спасил жива глава“, но сепак завршил во затвор.

Меѓутоа, очигледно ги преценил своите акробатски спобоности, па на крајот едвај успеал да се спаси и да не падне од огромната висина.

На снимките кои што се појавија на социјалните мрежи може да се види како виси на 60-тина метри и едвај успева да се задржи на каблите. За среќа, полициските и пожарникарските служби реагирале на време и го спасиле неговиот живот

„Мажот е спасен и помина без повреди, но веднаш потоа беше уапсен“, соопштиле од полицијата.

Не е јасно колкава сметка имал направено во хотелот за да одлучи да го ризикува својот живот за тоа, но во секој случај, неговата одлука да излезе од прозорецот и преку телефонски кабел да побегне од хотелот, на најдобар можен начин покажува до кои граници може да оди човековата глупавост.