Економист: Прекројувањето на Косово може да влијае и врз другите балкански земји

20 февруари, 2018 | 10:43 часот | 580 прикажувања |

Србија не го призна Косово, пишува Економист, укажувајќи дека косовските Срби и понатаму се сметаат за државјани на Србија.

Во воведниот дел од текстот се потсетува дека Косово пред десет години прогласи независност од Србија и дека Албанците, кои се мнозинство, „славеа, но Србите кои живеат во енклави не“.

„Ситуацијата е типична за Балканот, каде границите, искрено зборувајќи, се хаос. Србите кои живеат на Косово и во Босна и Херцеговина, каде што имаат своја република (Република Српска, Албанците и Бошњаците (муслимани) кои живеат во Србија и Грција и Албанија“.

Неодамна српските власти, пишува британскиот весник, предложија да се разговара за размена на територии со косовските Албанци.

„Дали е тоа разумна идеја?“, се прашува во текстот и се дава пример на „размена“ од историјата – во 1923 година Грција и Турција се согласија да разменат околу два милиони луѓе.

Мнозински христијанско население од Турција беше испратено во Грција, а муслиманите од Грција беа испратени во Турција. Тоа беше речиси насилно преселување, но Грција и Турција од тогаш не војувале, освен на Кипар, каде што живеат нивни населенија, констатира Економист.

„Ако Србија и Косово почнат сериозни разговори за прекројувањето на нивните граници, влијанието врз балканските заедници, освен оние во погодените делови на Косово и Србија, може да биде големо“, се наведува во текстот.

Во тој случај „лидерите во Република Српска ќе одржат референдум за иднината на РС, босанските Хрвати ќе тргнат по истиот пат, а Бошњаците во тој случај ќе се борат да го спречат распарчувањето на нивната заедничка држава“.

„Поради целовитоста на ЕУ, намалувањето на значењето на националните граници би било помудро од нивното прекројување, кое, како што изјави функционер на ЕУ „би ја отворила вратата кон пеколот“, се заклучува во текстот.