Уште две малолетнички од „25 Мај“ се бремени

20 февруари, 2018 | 10:03 часот | 496 прикажувања |

Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, објави „Независен весник“.

Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе.

Од ниту една институција не информираа дека има и други трудни малолетни девојчиња од истиот дом во кој беше сместена и 13-годишната Р.И. која абортираше пред неколку дена, во чија  крв била пронајдена дрога.

Дополнително ќе се утврдува дали е девојчето дрогирано.

Стевчо Соколовски, директорот на установата каде што се згрижени деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, вчера поднесе оставка од морални причини.