Пратениците денеска ќе бираат потпретседатели на Собранието

20 февруари, 2018 | 8:24 часот | 476 прикажувања |

Пратениците во рамки на 34 седница ќе расправаат по предлог – изборот на потпретседатели на Собранието на РМ,  поднесен од група пратници, за оваа функција предложени се: Фросина Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди.

Потоа ќе се расправа за предлог-одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предлогот за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Претходиот обид за нивни избор пропадна, бидејќи опозицијата реагираше дека точката е ставена на дневен ред во последен момент без тие да бидат информирани.