Обвинителството ќе ја истражува смртта на Калина и Александар

19 февруари, 2018 | 20:18 часот | 459 прикажувања |

Македонското обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан, пренесе Макфакс.

Според извори од обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства.

Од обвинителстово засега не откриваат кој се ќе биде сослушан во врска со трагедијата која се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје.

„Се зависи од тоа кога ќе стигнат наодите од Грција“, велат од Јавното обвинителство. Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработваат со македонската полиција за разветлување на причините за трагедијата.