Повторно пукање во Америка

19 февруари, 2018 | 9:49 часот | 538 прикажувања |

Најмалку четири лица се повредени при пукање кое се случи пред ресторанот „Тексас редхаус“ во Сан Антонио, соопшти американската полиција.

Меѓу повредените е и шестгодишно момче. Останатите кои се застреланни се на возраст од околу 20 години.

„Двајца од тројца повредени се здобија со повреди опасни по живот, и префрлени се во најблиската болница. Сега се во стабилна состојба“, соопштува полицијата.

Шесгодишното момче е рането во ногата и не е во животна опасност.

Според полицијата, пукањето се случило синоќа во 21 часот по локално време и дека жртвите стоеле пред ресторанот „Тексас редхаус“ во близина на трговскиот центар „Инграм парк“.

„Не веруваме дека ова пукање беше случајно“, вели претставник на полицијата и додаде дека сите жртви се роднини.

Локалните репортери наведуваат дека на луѓето пукал афроамериканец, со полуавтоматска пушка.

Напаѓачот не е уапсен и се трага по него.

Да потсетиме, Американците се на нозе по најсмртоносниот напад во средно училиште кога поранешен ученик застрела и уби 17 луѓе, ученици и професори. Тоа повторно го отвори прашањето за контрола на оружјето.