Славески: Jавноста очекува повеќе средства да се трошат во проекти од областа на инфраструктурата коишто ја зголемуваат производствената можноста, потенцијалот на националната економија

19 февруари, 2018 | 8:48 часот | 505 прикажувања |

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии, во интервју за Радио слободна Европа, вели дека прашањето со задолжувањето во изминатиот период се фетишизира.

На прашањето во однос на задолжувањата, односно дали големата задолженост е резултат на недомаќинското трошење на парите изминатите години, Славески одговори:

„Не постојат некои анализи кои со прецизност може да одвојат за кои намени колку средства се потрошени, дали се продуктивни или непродуктивни. Факт е дека имаше инвестиции во област на на културата и тоа беше еден од приоритетите на претходната или на претходните влади. Сакам да истакнам дека се фетишизира во изминатиот период прашањето на задолжувањето, ако се сеќавате цело време беше на дневен ред сега многу помалку слушаме, иако и сегашната влада ги прави оние редовни задолжувања на домашниот пазар и задолжително позајмување средства во странство, така што се зависи од приоритетите на владата и секако дека јавноста очекува повеќе средства да се трошат во проекти од областа на инфраструктурата коишто ја зголемуваат производствената можноста, потенцијалот на националната економија“