Села денес во судница треба да се соочи со напаѓачите од Собранието

19 февруари, 2018 | 8:31 часот | 511 прикажувања |

Во кривичниот суд денеска продолжува рочиштето за напаѓачите на пратеникот Зијадин Села.  На денешното судење се очекува да сведочи Зијадин Села,  во судницата треба да говори пред десеттемина обвинети за обидот за негово убиство. Села е трет сведок кој како оштетен треба да се појави пред судот.

Минатото судско рочиште траеше седум часа, а беа испрашани двајца сведоци.

На обвинителната клупа повторно ќе седнат обвинетите Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко. Последните двајца беа уапсени во мај лани, како осомничени за физички напад и влечење на Села кој потоа во критична состојба заврши во болница.