„То Вима“: Клучна точка останува комбинацијата на постепена примена на ерга омнес со промените во скопскиот Устав, што ги бара грчката страна

19 февруари, 2018 | 8:28 часот | 479 прикажувања |

Постепената примена на ерга омнес во комбинација со промена на уставот останува клуч за решение, пишува грчкиот весник То Вима во својата анализа на преговорите за спорот за името.

„ Клучна точка останува комбинацијата на постепена примена на ерга омнес со промените во скопскиот Устав, што ги бара грчката страна. Не е јасно колкав напредок е постигнат во оваа точка, но од постоечките информации, Атина не е негативно настроена во однос на тоа да му даде „грејс период“ на Скопје за да го смени внатрешното име. Нормално, ќе треба да се договори точната формула според која ова ќе се направи, но и временскиот периодот “, пишува весникот „То Вима“.

Во однос на името, повикувајќи се на изјавите на македонскиот премиер, новинарот анализира дека предлозите на Нимиц што се со временска одредница веќе не се на преговарачката маса. По „Република Македонија (Скопје)“, што беше отфрлено од грчката страна, сега се чини дека и „Република Нова Македонија“, според „То Вима“, е името за кое не се разговара.

Во меѓувреме министрите во владата на Ципрас во континуитет излегуваат со поддршка за премиерот во спорот за името. Последна беше министерката за административна реконструкција која истакна дека однесувањето на владата е разумно и одговорно.