„Тврдокорни“ и „МОС“ ќе протестираат за одбрана на името Македонија

18 февруари, 2018 | 23:11 часот | 2.593 прикажувања |

Во организација на здруженијата „Тврдокорни“ и „Македонски обединети сили“ (МОС), во вторник на 27 февруари пред ЕУ Инфо центарот ќе се одржи протест за одбрана на името Македонија.

„Браќа Македонци, чукна светиот час за одбрана на нашата татковина. Промената на името е КРАЈ за Македонскиот народ! Промената на името е СМРТ и ИСТРЕБУВАЊЕ за нашиот македонски народ! За мал народ како македонскиот, промената на името значи наше исчезнување како народ! Промената на името буквално значи културен ХОЛОКАУСТ и АПОКАЛИПСА за македонскиот народ. Денес се соочуваме со најголемата опасност во последните 4000 години – дали ќе преживееме како народ или ќе бидеме истребани? Ова е борба на живот или смрт! Ова е биттка на се или се – или се што имаме ќе спасиме, или се ќе загубиме!“, велат организаторите на протестот.

Тие упатуваат повик до македонските народ, сите организации, бранители, навивачки групи, членови на сите политички партии кои не се согласуваат со националното предавство, како и, како што посочуваат, во секој во кого тече патриотска крв да се придружи на протестот закажан пред ЕУ Инфо центарот.

One comment on “„Тврдокорни“ и „МОС“ ќе протестираат за одбрана на името Македонија

Comments are closed.