Македонска владина делегација на свеченост по повод десетгодишнината од независноста на Косово

18 февруари, 2018 | 22:05 часот | 1.184 прикажувања |

Во чест на одбележувањето на десет години од прогласување на независноста на Косово, државна делегација на Република Македонија во состав, Претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва присуствува на свечена седница во Собранието во Приштина, како и на свечен прием во организација на Претседателот на Косово, Хашим Тачи, информираат од владината прес служба.

„Владата на Република Македонија им го честита јубилејот на нашите соседи и им посакува развој, просперитет и успех во градење на добрососедски односи, кои ќе придонесат кон интеграција во ЕУ на целиот регион“, се додава во соопштението.