Под мотото „Доста беше“, глобалната иницијатива „Ние сме Македонија“ на протест во Вашингтон

18 февруари, 2018 | 21:52 часот | 1.448 прикажувања |

Во сабота, на 3 март, во главниот град на САД Вашингтон ќе се одржи мирен протест на македонските иселеници под слоганот „Доста беше“ (Enough is enough).

Протестот е во организација на глобалната иницијатива „Ние сме Македонија“ (We Are Macedonia).

„Доста беше. Ќе испратиме јасна порака до американската администрација и Конгресот, до македонскиот претседател, Владата, Собранието и опозицијата во Македонија. Нема да толерираме да се преговара за нашето постоење. Нема да толерираме редефинирање на Македонија и македонската национална држава“, велат организаторите на настанот.

„Македонија е нашето име. Македонски е нашиот идентитет и јазик. 137 држави не признаа, зошто треба да преговараме и да го продаваме нашето име?“, се посочува во повикот до македонските иселеници на американскиот континент, а организаторите ги повикуваат сите нашинци да донесат знамиња, слогани, како и нивните деца и семејства да присуствуваат на протестот.