Георгиевски: Зошто Бугарија молчи 25 години за грчкото монополизирање на името Македонија?

18 февруари, 2018 | 21:13 часот | 3.581 прикажувања |

Во последно време зачестија изјави од бугарски политичари и аналитичари дека Бугарија нема да прифати име со географска одредница која ги загрозува нивните интереси, напиша денеска на својот фејсбук-профил Љубчо Георгиевски реагирајќи на изјавите на поранешниот и актуелниот бугарски претседател Георги Прванов и Румен Радев.

„Овој тип на притисок е непринципиелен затоа што се изнесува по 25 години откако е почнат спорот и влегува во завршница.

А исто така доаѓа по потпишувањето на договорот за пријателство што во Македонија веќе е примен како уцена и наметнат договор.

Конечно која било географска додавка помалку ја загрозува Бугарија од полното име Македонија што тие први во светот го признаа (нека ги прочитаат аргументите на Грците, важат и за нив).

Како тоа 25 години молчат на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија“, напиша Георгиевски.