Рама предложи заеднички претседател за Албанија и Косово во следните 10 години

18 февруари, 2018 | 19:49 часот | 471 прикажувања |

Албанскиот премиер, Еди Рама, на свечената седница на косовскиот Парламент предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика за Албанија и Косово.

Рама истакна дека за десет години двете земји ќе може да имаат еден претседател.

„Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто да не и еден претседател – симбол на нацоналното единство и една национална безбедносна политика“, порача Рама.

Тој рече дека оваа идеја сега е неостварлива, но дека може да се реализира во иднина.