Бугарскиот претседател Радев воодушевен од Бигорскиот манастир

18 февруари, 2018 | 19:36 часот | 1.281 прикажувања |

Бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити вчера го посетија манастирот Свети Јован Бигорски.

Радев на Фејсбук напиша дека е воодушевен што бил првиот странски претседател што го посетил манастирот. Тој напиша дека високо ја цени улогата на Бигорскиот манастир за зацврстување на довербата и пријателството меѓу Македонија и Бугарија.


„Заминав од тоа место со чувство на долг и со увереност дека треба да работиме така да имаме поголема доверба и уште поголемо пријателство и да бидеме уште поблиски“, напиша Радев. Тој денеска објави видео од неговиот пречек и посетата на манастирот.