Русија му предложи на Борисов да добие руско државјанство и да гласа за претседател

15 февруари, 2018 | 20:43 часот | 731 прикажувања |

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагираше по зборовите на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој денеска ги искоментира претседателските избори во Руската Федерација.

Захарова му понуди на Борисов да добие руско државјанство и да гласа за претседател на Русија.

„Борисов има шанса, тој може да добие руско државјанство и да гласа за претседател на Русија. Сонот се остварува“, рече Захарoва.

Претходно, Борисов на шега, изјави дека има две работи кои не се избраат: родителите и претседателот на Русија.

Претседателските избори во Русија се закажани за 18-ти март.