„Коцкар“ од Достоевски премиерно во Битолскиот театар

15 февруари, 2018 | 15:47 часот | 601 прикажувања |

Во сабота Битолскиот Народен театар го започнува годинешниот творечки опус со премиерта „Коцкар“, во режија на Дејан Пројковски. Претставата зборува за страста на коцкањето, но и односот на Европјаните кон Русите, односно славјанските народи.

„Целата претстава е не едно сизифовско искачување до врвот на планината, туку еден обратен процес на пропаѓање до дното“, вели режисерот на претставата, Дејан Пројковски.

Посебна привлечност на претставата ѝ дава тоа што на сцената ќе се појави и доаенот на македонската глума, актерката во пензија Јоана Поповска, која ќе настапи во ликот на Антонида Василаева.