ЗНМ и Комисијата за слободен пристап до информации потпишаа меморандум за соработка

15 февруари, 2018 | 15:31 часот | 462 прикажувања |

Со обуки и кампањи ќе се подигнува свеста кај граѓаните за нивните права да добијат информација од институциите којашто е од јавен карактер. Надлежната комисија и Здружението на новинарите потпишаа меморандум. Целта е заеднички да се побарат против молкот на институциите и да посочат на санкциите што ќе следуват доколку не постапат или ги игнорираат решенијата на Комисијата.

Од 758 поднесени жалби поради недобивање информации од јавен карактер, 75 проценти се однесуваат на молк на институциите – покажуваат податоците на надлежната комисија. Најмногу поплаки има на неажурноста на општините и на јавните претпријатија.

Потпишаниот меморандум со Здружението на новинарите е за граѓаните полесно да се запознаат со нивните права. Комисијата со десетина предлози ќе интервенира во законските измени на оваа проблематика. Бара санкции за одговорните лица кои нема да постапуваат по нивните решенија.