Компанијата „Саген“ влегува во Македонија, Анѓушев најави нови осум инвестиции

15 февруари, 2018 | 14:01 часот | 344 прикажувања |

Нова инвестиција на Компанијата „САГЕН ДООЕЛ“ во ТИРЗ Скопје 1, во вредност од повеќе од 20 милиони евра со план за отворање на околу 300 нови работни места, најави директорот на ДТИРЗ Младеновски.

Инвестицијата е поделена во три фази, за чии потреби закупена е парцела со површина од околу 28.000 m2.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека 8 нови компании во изминатите месеци влегоа во фаза на реализација на своите проекти во ТИРЗ и планирано е отворање на над 1500 нови работни места во наредните години, со 0 денари трошок за промоција и маркетинг.

На прес-конференцијата вицепремиерот направи споредба во претходните 7 години каде привлечени биле 23 инвестиции, а биле потрошени 225 милиони евра.

Министерот за економија Кресник Бектеши го образложи нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и информираше дека со успешна имплементација на Законот, ќе се овозможи поттик за растот и развојот на приватниот сектор, под транспарентни и предвидливи услов