Рочиштето за „Поткуп“ одложено за 25 декември

20 ноември, 2017 | 9:55 часот | 350 прикажувања |

Македонскиот премиер Зоран Заев изутринава се појави во судот за случајот „Поткуп“, за кој е обвинет, но рочиштето е одложено за 25 декември.

Причината за одлагањето е тоа што во тек е жалбената постапка за барањето за изземање на доказите.

Во Апелациониот суд на 27 ноември треба да се одржи јавна седница на која одбраната ќе образложи зошто бара снимката од кабинетот на Заев додека беше градоначалник, а која се појави на Јутјуб да не биде доказ во постапката.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

фото: Фокус