Жан Зимбаков назначен за нов директор на Клиниката за кардиологија

15 февруари, 2018 | 11:34 часот | 592 прикажувања |

Доктор Жан Зимбаков е назначен за нов директор на скопската Клиника за кардиологија.

Неговото име најмногу се вртеше во лекарските кругови како замена за поранешниот директор, доктор Беким Поцеста, кој доаѓаше од редовите на Алијансата за Албанците, досегашните коалициони партнери во владата со СДСМ.

По одлуката да ја напуштат владината коалиција, сите нивни директори си поднесоа оставки.