Шапуриќ во Виница, ја посети компанијата Макпрогрес

15 февруари, 2018 | 11:20 часот | 512 прикажувања |

Министерот за подобрување на инвестициска клима за домашните компании Зоран Шапуриќ вчера оствари средба со градоначалникот на општина Виница Ивица Димитров. Тие разговараа за првте 100 дена од работата на градоначалникот и новата локална власт, со посебен акцент на локален економски развој, идни планови на општината и подобрување на инфраструктурата, информираат од кабинетот на Шапуриќ.

Исто така, посетена беше и компанијата Макпрогрес, една од водечките компании во областа на прехранбена индустрија во Македонија. Министерот Шапуриќ, беше запознаен со производствениот капацитет на оваа компанија и плановите за натамошен развој во истиот поради зголемениот извоз, во 55 земји.

„Притоа, му беше изразено задоволство од мерките кои ги донесе Владата за поддршка на домашните компании. Во взаемен разговор беа разменети идеи, мерки и разни мислења за раздвижување на бизнис климата“, се вели во соопштението.