Еврокомесарот Јоханес Хан на средби во Скопје

20 ноември, 2017 | 9:51 часот | 251 прикажувања |

Новите реформски пакети Шест и Девет, кои претставуваат дополнение не Планот 3-6-9, а во кои се содржат реформите кои произлегуваат од сите забелешки, препораки и сугестии во извештаите на Европската Комисија, ќе бидат презентирани денеска пред Комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Домаќин на Хан ќе биде Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а во делегацијата на Владата ќе учествуваат и Заменик Претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Министерот за правда, Билен Саљији, како и Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Посебен осврт на реформските приоритети во клучните области, правосудството, реформата на безбедносните служби, како и реформите во јавната администрација, во детали ќе ги презентираат соодветните ресорните министри задолжени за нивна подготовка и имплементација, Спасовски, Саљији и Манчевски.

Османи, на Еврокомесарот Хан ќе му ги претстави и клучните делови од извештајот за имплементација на делот три од Планот 3-6-9, кој беше заокружен со одржувањето на изборите.