Каминис: Бутарис е вистински патриот

15 февруари, 2018 | 10:12 часот | 584 прикажувања |

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис кој се најде под жестоки критики поради изјавата дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, доби поддршка од неговиот атински колега, градоначалникот на грчката престолнина Јоргос Каминис, кој го нарече “вистински патриот”, пишува весникот Екатимерини.

-Патриотизмот е да им служи на интересите на луѓето со реализам, напиша градоначалникот на Атина  на Твитер. “Јанис Бутарис е вистински патриот”.

Бутарис беше критикуван по изјавата оваа недела дека Солун треба да размисли за преименување на својот аеродром „Македонија“. Критиките се резултат главно и на тоа што неговата изјава доаѓа во време кога се водат интензивни разговори меѓу Грција и Македонија за решавање на деценискиот спор.