Поради кастрење на гранките во Центар, бесплатен паркинг за возилата во Катната гаража кај „Беко“

15 февруари, 2018 | 9:53 часот | 539 прикажувања |

Утре (16.02.2018 година, петок) екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Градски паркинг“ ќе спроведат акција за кастрење гранки на отворени паркинзи на повеќе локации во Центар.
Оваа акција на кастрење гранки ќе се спроведе на следниве паркинзи:

– паркинг А5 (ул. Орце Николов бр. 20, 29 и ББ, ул. Скопска бр. 9)
– паркинг А6 (ул. Максим Горки бр. 1, 3, 3а, 5, 7, 8а, 9, 10, 11, 14, 16, 16а, 17, 18, 19, 20 и 21, ул. 8 Ударна бригада бр. 2, 20, 20а, 20б, 24 и 31а, ул. Васил Главинов бр. 7а и 7б, ул. Скопска бр.9, 9а, 15 влез 1 и 2, ул. Лермонтова бр.3 и ул. Никола Вапцаров бр.2, 8 и18)
– паркинг А1 (бул. ВМРО бр.1 влез, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и бр.3)
– паркинг А3 (ул. Даме Груев бр.7 блок 4 со влезови од 2 до 9, и ул. Вељко Влахович бр.21 и 23)

Поради организирање на акцијата горенаведените паркинзи ќе бидат затворени, а станарите и правни субјекти коишто се паркираат на овие паркинзи можат да се паркираат на Катна гаража кај „Беко“ во текот на денот.
Акцијата се спроведува заради овозможување поголема видливост на возачите, ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.
Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, за што ќе бидете навремено информирани.