Груевски и Јанакиески денес ќе ги слушаат „бомбите“ за случајот „ТНТ“

15 февруари, 2018 | 8:55 часот | 496 прикажувања |

Денешното рочиште закажано за случајот „ТНТ“ нема да се одржи. Во овој случај обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за уривањето на комплексот Космос,  потврдуваат од Основниот суд Скопје 1.

Судијата Огнен Ставрев во договор со адвокатите одлучил денес обвинетите да извршат увид во доказите за оваа постапка на СЈО. За датумот кога ќе продолжи судењето, од Кривичниот суд велат дека дополнително ќе известат.

Меѓу доказите кои СЈО ги има против обвинетите во оваа постапка се и прислушувани разговори кои обвинетите ги бараа да им бидат предадени, но судијата Ставрев одлучи дека обвинетите ќе можат да ги чујат прислушуваните разговори само во посебна просторија во судот.