Поранешен ученик убил 17 ученици во училиште во Флорида

15 февруари, 2018 | 8:37 часот | 547 прикажувања |

Американските власти соопштија дека  најмалку 17 се мртви  и уште неколку десетици повредени е епилогот од вчерашното пукање во Флорида.

19 годишен поранешен ученик застрелал и убил 17 ученици и возрасни во средно училиште во државата Флорида. Николас Клуз претходно бил искучен од училиштето поради дисциплински причини. Тој и се предал на полицијата без отпор околу еден час по убиствата. Шерифот на подрачјето Брауард Скот Израел изјави дека Круз имал најмалку една пушка од типот АР15.

До нападот дојде пред крајот на школскиот ден во Паркланд, Флорида, на околу 70 километри северно од Мајами. Меѓу убиените имало и ученици и возрасни и повеќето биле застрелани во училиштето. Ова беше 18 пукање во американските училишта годинава.