Презентација за најавената инвестиција на компанијата Саген

15 февруари, 2018 | 8:28 часот | 487 прикажувања |

Денеска во владата на Република Македонија ќе биде промовирана инвестицијата на компанијата „Саген“ во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.

Kабинетот на Анѓушев, соопшти дека ќе биде промовиран и Нацрт-текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициитe.

Информации за најавената инвестиција на компанијата Саген во ТИРЗ Скопје, денеска на прес-конференција ќе изнесат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министер за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски.