Албанскиот претседател Мета во дводневна посета на Македонија

20 ноември, 2017 | 9:49 часот | 233 прикажувања |

Албанскиот претседател Илир Мета престојува во дводневна официјална посета на земјава, при што негов домаќин е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Иванов и Мета утре ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Албанскиот претседател треба да има средба и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.