ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги скрати парите за градба на студентски домови

20 ноември, 2017 | 9:47 часот | 214 прикажувања |

СДС лажно ветуваше пред избори, а сега ги скрати парите за градба на студентски домови, рагира опозицијата преку соопштение испратено до јавноста.

„Со најновиот шверцерски донесен ребаланс на антиреформската влада на Заев се скратија 55 милиони денари или скоро 1 милион евра средства предвидени за изградба на студентски домови. Ова доволно говори колку им се приоритет студентите и нивниот стандард на СДС. Заев, Богоев, Атанасов, Туфеџиќ и сите останати лицемери во СДС ветуваа подобри услови за студентите и изградба на модерен студентски град во Скопје со фитнес сали, библиотеки, читални, кино сали, ресторани, па дури и нови студенстки домови во Битола Штип и Тетово. Да биде трагедијата поголема тие само во Штип ветуваа студенстки кампус за сместување до 300 легла и тоа до крајот на 2017 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека наместо нов студенстки дом до крајот на 2017 година, социјалдемократите ќе ги скратат и постоечките пари кои се предвидени за реновирање и поправка на постоечките сместувачки капацитети.

„Студентите како и останатите граѓани беа излажани. Неодговорната власт на Заев и СДС се задолжува и троши стотици милиони евра, а и тие средства кои беа наменети за студентите сега се пренаменуваат за други цели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.