Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Мартин Шулц поднесе оставка

14 февруари, 2018 | 9:53 часот | 121 прикажувања |

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Мартин Шулц  соопшти дека поднесува оставка на местото партиски лидер, и оцени дека е време за обновување на партијата.

Раководството ја именувало претседателката на парламентарната група на СПД во Бундестагот, Андреа Налес, за негова наследничка. Но, таа ќе мора да го почека вонредниот партиски конгрес закажан за 22 април кој ќе треба да ја избере.

Потегот на Шулц беше очекуван, откако тој минатата недела, под притисок на своите сопартијци, се откажа од планот да ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата коалициска влада со конзервативците на Меркел.