Премиерот Заев и министерот Љупчо Николовски денес на традиционално закројување на лозјата во тиквешко

14 февруари, 2018 | 9:14 часот | 71 прикажувања |

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме.

Традиционално, лозарите на денот на Свети Трифун, кој се смета за нивни заштитник, ќе ги закројат лозовите насади.

Придружуван од министерот за земјоделство Љупчо Николовски,  Заев во посета на Тиквешијата.

Тие на градскиот плоштад во Кавадарци се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и наздравија со вино на еден од штандовите со производи од тиквешкото поднебје, посакувајќи здравје и среќа и подобри денови за лозарите и за сите граѓани на Македонија.

Посетата ќе продолжи во Неготино, а најавена е и посета на винаријата во Лепово