„Епл“ продал повеќе часовници од сите швајцарски брендови заедно

13 февруари, 2018 | 18:38 часот | 499 прикажувања |

Американскиот гигант „Епл“ ја надмина Швајцарија во продажба на часовници во последниот квартал од 2017 година.

Статистиката покажува дека „Епл воч“ сам продал повеќе часовници од сите швајцарски брендови заедно. Ова е огромен успех за компанијата ако се земе предвид дека победиле брендови како Ролекс и Своч.

Во посочениот период продале околу осум милиони часовници, а вкупно во 2017 година околу 18 милиони.