330.000 граѓани ја напуштиле Албанија во последните седум години

13 февруари, 2018 | 13:39 часот | 580 прикажувања |

Продолжува процесот на иселување на албанските државјани од својата држава, пренесе Макфакс.

Според податоците на државниот Институт за статистика на Албанија, во периодот 2о11-2о17 бројот на иселените лица надвор од државата изнесува 33о илјади. Овој Институт нагласува дека најголемиот број иселени лица од државата во последните седум години е евидентиран во 2о11 година кога земјата ја напуштиле 52 илјади лица.

Статистичарите во Албанија наведуваат дека се работи за најголем бран на емигрирање на населението од земјата по распадот на системот на Енвер Хоџа. Продолжува и понатаму иселувањето на населението претежно во земјите на ЕУ, но и во САД.

Истите извори наведуваат дека поради иселувањето, населението во Албанија старее. Во пораст е бројот на жители со над 65 години, а намалување бележи бројот на жителите што се помлади.

извор: Макфакс