Градоначалникот на Дебар се подновил со џип, по само 100 дена на власт

13 февруари, 2018 | 13:34 часот | 1.564 прикажувања |

Новото раководство на Општина Дебар, после само 100 дена откако е на власт, се поднови со ново службено возило вредно речиси 50.000 евра. Станува збор за џип “Volkswagen Tiguan” 2.0 TDI 150 KS. Ќе го отплаќа на 5 години, пренесе Независен.

Општината го купила возилото од Друштво за лизинг „Порше лизинг“ дооел Скопје, со кое купопродажниот договор го потпишала на 26 јануари.

Во објавениот договор е наведено дека Општината го купува возилото со одложено плаќање по пат на финансиски лизинг со учество од 20 отсто, на рок од 60 месец. Така, општинарите во наредните 5 години ќе биде обврзани да плаќаат рата од речиси 700 евра месечно.

извор: Независен