Индијката Мануши Чилар избрана за Мис на светот

19 ноември, 2017 | 18:27 часот | 205 прикажувања |

Индијката Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година. Во финалето на изборот за Мис на светот, кој беше одржан во Кина, круната ја понесе 20-годишната студентка по медицина од индиската држава Харајана.

За прва придружничка е избрана Андреа Меса од Мексико, додека втора придружничка е Британката Стафани Хил.

Чилар е шеста Индијка која ја понесе титулата најубава девојка, и круната ќе ја врати во Индија после 17 години. Последната Индијка која беше крунисана за Мис на светот беше Пријанка Чопра во 2000 година.