Хашим Тачи не се согласува со идејата за поделба на Косово

13 февруари, 2018 | 10:02 часот | 453 прикажувања |

Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се тврди дека се согласил со идејата за поделба на Косово,  изјави дека „идејата е далеку од неговиот ум и институциите во Косово“ и дека овие идеи се штетни и дестабилизирачки за Косово.

На заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор, кој е во дводневна официјална посета на Приштина, Тачи изјави дека ваквите идеи не носат ни мир, ни стабилност и оти тие не се на косовските институции.