Бутарис: Траба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“

13 февруари, 2018 | 9:49 часот | 956 прикажувања |

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис  изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, и дека ова име го поделило светот, а тоа е лошо за сите.

Тој смета дека, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните.

Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, е тоа што туристите кога слетуваат во  Солун мислат дека доаѓаат во Скопје, истакнува солунскиот градоначалник.