Џафери во Вилтон Парк ке учествува на конференција за ефикасен независен парламент во РМ

13 февруари, 2018 | 9:43 часот | 346 прикажувања |

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и околу 30 претставници од сите политички партии застапени во Собранието, службите во Собранието, Парламентарниот институт и претставници на граѓанското општество, од утре до 16 февруари ќе учествуваат на конференција што ќе се одржи во Вилтон Парк, Велика Британија.

Конференцијата е на тема „Градење на ефикасен и независен парламент на Република Македонија“, во организација на Британската амбасада и Вестминстер фондацијата за демократија, соопшти кабинетот на претседателот на Собранието.