АРТ Симпозиум С‘копје – Градот Скопје ќе „дише“ со уметност

13 февруари, 2018 | 9:34 часот | 814 прикажувања |

АРТ Симпозиум С’Копје претставува нов вид на форум, каде што локалните уметници ќе можат да се истакнат и во една отворена дружба да разменат искуства како со своите колеги, така и со уметници од целиот свет.

„Идејата за организирање на ”АРТ Симпозиум С’копје” се роди од желбата и потребата за еден нов вид на форум каде што нашиот главен град Скопје, ќе може да „дише“ со уметност.“  –  велат ораганизаторите

Форумот е од отворен тип и овозможува непосреден контакт со сите оние кои се заинтересирани или љубители на уметноста. Младите кои се заинтересирани да дознаат нешто повеке за уметничкиот свет се добродојдени, исто така.

Симпозиумот ќе биде одржан од 26.02 до 04.03.2018 во Градската кафеана Пелистер.

Како еден важен дел од настанот на 3 Март ќе се реализира и Мултимедијална интернационална изложба на која ке бидат представени сите дела, творени во периодот од страна на странските учесници и донираните дела од локалните уметници.

Hedley Wiggan извонреден уметник од Велика Британија е еден од учесниците на симпозиумот!

Организатори на симпозиумот се: Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски во соработка со Центарот за промоција на култура и туризам