Мицкоски се сретна со хрватскиот премиер Пленковиќ

12 февруари, 2018 | 20:07 часот | 569 прикажувања |

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот Александар Николоски денеска оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска и лидер на ХДЗ.

„Одлична и пријателска средба со хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Пленковиќ. Потврдено пријателството и заемната поддршка. Македонија има капацитети, а ВМРО-ДПМНЕ енергија за големи работи за нашите граѓани и за нашата држава“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил за посетата.