Димитров и Коѕијас вечерва на средба во Виена

12 февруари, 2018 | 20:02 часот | 730 прикажувања |

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, вечерва, во Виена, ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, соопшти министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Според најавите, утре, двајцата министри ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.