Јилдирим: Грција не треба да ѝ наметнува име на Македонија

12 февруари, 2018 | 18:05 часот | 3.110 прикажувања |

На денешната заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Зоран Заев, турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека е погрешно Грција да ѝ го диктира името на Македонија.

„Погрешно е друга земја да го одредува името на една земја“, изјави Јилдирим.

Сепак тој се надева дека двете соседни земји ќе го разрешат спорот во пријателски дух, пренесе „Асошијетед прес“.

Заев вели дека најдоброто решение е она што ќе го поплочи патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.

„И претседателот Ердоган и премиерот Јилдирим и целата Влада, всушност и сите институции во Турција се големи пријатели на Република Македонија. Ние денеска разговаравме за ова прашање. Турција како пријател секако поддржува решение што ќе биде прифатливо за двете страни. Тоа е решение што е единствено возможно за нашиот пат кон НАТО и ЕУ“, рече Заев.

Турските инвестиции во Македонија изнесуваат милијарда и триста милиони долари, но правиме заложба трговската размена да достигне една милијарда евра, рекоа премиерите.

Ердоган претходно изјави дека Грција не е фер, и дека тие ќе ги поддржуваат Македонците кои ги сметаат за браќа.

Ердоган: Нема да дозволиме да се смени името на Македонија