Поранешниот грузиски претседател Саакашвили приведен во Киев

12 февруари, 2018 | 16:41 часот | 506 прикажувања |

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој е лидер на украинското Движење на новите сили, денеска е приведен во Киев, соопшти неговата портпаролка Татјана Баграновскаја.

„Михаил Саакашвили денеска беше грабнат во ресторанот Сулугуни недалеку од просториите на нашата партија“, изјаи таа, додавајќи дека тој бил населно внесен во бело комбе и одевден во непознат правец.

Таа наведе дека луѓето кои го привеле Саакашвили биле во маскирани униформи и дека не се претставиле.