ЗОИ: Џејми Андерсон од САД го освои златниот медал во дисциплината слоупстајл

12 февруари, 2018 | 9:05 часот | 534 прикажувања |

На Олимпијадата во Пјонгчанг, Џејми Андерсон од САД го освои златниот медал во дисциплината слоупстајл и стана првата сноубордистка која го одбрани првото место.

Сребренито медал го освои Лори Блуан од Канада, додека трето пласирана и носителка на бронзениот медал е Ени Рукајарави од Финска.

Во Русија во 2014 година дисциплината слоупстајл за прв пат се најде во програмата на Олимписките игри.