Пенс: САД се подготвени да преговараат со Северна Кореја

12 февруари, 2018 | 8:41 часот | 535 прикажувања |

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во интервју за „Вашингтон Пост“ изјави дека САД се подготвени да преговараат со Северна Кореја.

Пенс, за време на неговото враќање од Јужна Кореја каде присуствувал на свеченото отворање на Зимските олимписки игри нагласил дека САД нема да се откаже од санкциите кон Пјонгјанг, но сепак се подготвони за преговори со него.

„Максималниот притисок ќе продолжи и ќе се засилува, но ако може да преговараме, ќе преговараме“ вели Пенс.

Пенс нагласи дека оваа нова позиција на Вашингтон е усогласена со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин, која ја разгледува поканата да ја посети Северна Кореја, по што се можни официјани преговори меѓу Сеул и Пјонгјанг.