Иванов утре ќе го прими албанскиот претседател Мета

19 ноември, 2017 | 16:51 часот | 239 прикажувања |

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 20 ноември 2017 година, понеделник, ќе биде домаќин на Претседателот на Република Албанија, Н.Е. г. Илир Мета, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија, информираа преку писмено соопштение од Кабинетот на Претседателот.

Средбата ќе започне во 09:30 часот изутрина, а потоа ќе следат и состаноци на делегациите на двата кабинета. Прес-конференција на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета e закажана за 11:30.